дома Европа ЕВРОПСКАТА УНИЈА СУБВЕНЦИОНИРАЛА БОРДЕЛ: 40.000 евра пари на ЕУ како субвенција за...

ЕВРОПСКАТА УНИЈА СУБВЕНЦИОНИРАЛА БОРДЕЛ: 40.000 евра пари на ЕУ како субвенција за бордел во Чешка

Европската Унија обезбедила субвенции во висина од 40.000 евра за модернизирање на пензионерски дом на Германско-Чешката граница, кој сега се користи како бордел, известува германскиот магазин „Егзакт“

Таканаречениот „ноќен клуб“ е лоциран во дворот на еден од селаните во Помези, Чешка. Европската Комисија во моментов го истражува случајот.

Ако ситуацијата се докаже дека е сериозна, анти-корупциската комисија исто така би можела да се вклучи во истрагата. Причината би била да се утврди дали локалните власти стојат позади злоупотребата на средствата за субвенции.

Според магазинот, од компанијата која оперира со објектот веќе се побарани парите назад. Менаџментот на компанијата сеуште нема дадено одговор.
Како што пренесува германскиот магазин, субвенциите во Чешка се исплаќаат веднаш по формално пополнување на апликација. Откако апликантот ќе ги добие парите, специјални институции верифицираат дали парите се трошат согласно барањето.