дома Македонија ЕВРОПСКИТЕ СИНДИКАЛЦИ БАРААТ ОДГОВОРНОСТ ОД МИНОВСКИ: Остра реакција на европската конфедерација на...

ЕВРОПСКИТЕ СИНДИКАЛЦИ БАРААТ ОДГОВОРНОСТ ОД МИНОВСКИ: Остра реакција на европската конфедерација на синдикати за упадот на генералниот директор на ЕЛЕМ

EPSU како социјален партнер на Европската Унија и Европската Комисија, остро реагира на мешањето на Владата на Република Македонија и нејзините претставници во независното синдикално движење и грубиот упад во гранскиот синдикат ССЕРИ, Самостојниот синдикат на работниците од енергетика, рударство и индустрија на Република Македонија при Конфедерација на Слободни Синдикати на Македонија, информираат од Конфедерација на слободни синдикати на Македонија.

EPSU ја повикува Владата на Р. Македонија и нејзините преставници да се повлече од нападот на синдикатот и да дозволи согласно конвенциите на Меѓународната Организација на трудот, единствено специјализирано тело при Обединетите Нации, независно синдикално здружување, во спротивно ќе ги преземе сите мерки на Европско ниво како социјален партнер истото да се обезбеди од страна на повисоки инстанци.

Минатата недела, Инфомакс.мк информираше за скандал кој го пријавија вработени во АД ЕЛЕМ за вршење на притисок со цел зачленување во паралелен синдикат под контрола на владеачката партија.