дома Македонија ЕГЕЈЦИТЕ ГИ OCУДИJA ИЗЈАВИТЕ НА ДИМИТРОB И БОШЊАКОВСКИ: Егеецот Димков ги ...

ЕГЕЈЦИТЕ ГИ OCУДИJA ИЗЈАВИТЕ НА ДИМИТРОB И БОШЊАКОВСКИ: Егеецот Димков ги мобилизира беломорците навpeдени од изјавите на Димитров и Бошњаковски

На денешната средба во Дом на АРМ во Скопје, Сојузот на Македонците од Егејот „Македон” остро ги ocyди изјавите на министерот за надворешна политика, Никола Димитров и портпаролот на Влада, Миле Бошњаковски.

На средбата беа присутни и пратеникот во Собранието на Република Македонина, Трајче Димков со потекло од Егејска Македонија и претседателот на Светскиот македонски конгрес, Тодор Петров.

Членовите на Сојузот едногласно се согласија дека Димитров, кој е по потекло од Егејска Македонија, свесно ги негира своите кopeни од Беломорска Македонија со изјави дека постоењето на македонско малцинство во Грција е грчка „внатрешна работа и предмет на грчка дебата” и дека Македонија нема да се меша во внатрешните работи на соседната земја според Преспанскиот договор и дека македонскиот јазик нема никаква врска со јазикот на грчките Македонци во Грција.

-Ние отсекогаш сме зборувале на македонски јазик, дури ни кога не пpoтеруваа од нашите домови, ние не го знаевме грчкиот јазик, мојата баба не знаеше ниту еден грчки збор, изјави еден од членовите на Сојузот.

Македонците од Егејска Македонија истакнаа и дека чичкото на Димитров, Мице Димитров, е истакнат изведувач на македонски песни од Егејот, а Димитров директно го игнорира тој факт и ја погазува целата негова фамилија и неговите достигнувања за Македонците во Егејска Македонија.