дома Хроника ЕДЕН ЗАГИНАТ ВО ХИПОДРОМ: Експлозија на плинска боца предизвика трагедија во скопски...

ЕДЕН ЗАГИНАТ ВО ХИПОДРОМ: Експлозија на плинска боца предизвика трагедија во скопски Хиподром!

Плинска боца експлодирала попладнево околу 18 часот во скопската населба Хиподром во близина на скопскиот автопат. Според неофицијални информации, во настрадало едно лице, дознава ТВ Нова.

На местото на настанот пристигнати се противпожарни возила, возила на брзата помош и на полицијата.

Според информациите до кои дојде ТВ Нова, најверојатно избил пожар при што жртвата се обидела да избега, меѓутоа не успеала да ја отвори вратата на време, по што најверојатно починала од задушување.

Веднаш по избувнувањето на пожарот дошло и до експлозија на плинската боца којашто се наоѓала во станот, велат очевидците од околните згради.