дома Политика ЕДИНСТВЕН КРИТЕРИУМ Е ПАРТИСКА КНИШКА: СДСМ ги ykина сите критериуми за...

ЕДИНСТВЕН КРИТЕРИУМ Е ПАРТИСКА КНИШКА: СДСМ ги ykина сите критериуми за вработување за да можат да ја наполнат во јавната администрација со нивни членови

Невенка Стаменковска пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ за “Детектор” вели дека владата на СДСМ ги ykинала сите критериуми за вработување за да може да вработува членови на СДСМ во јавната администрација. Таа на Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски му рече дека вработувањата во администрацијата се строго партиски.

-Вие и самиот пред некое време кажавте дека имате намера на 31ви декември да распишете огромен број на вработувања во рамките на јавната админитрација, со цел да ги пополните бројките предизборно на ваши партиски кадри. А станува збор за партиски кадри кои не ги исполнуваат законските норми, според новите закони кои вие ги донесовте додека бевте на власт. Тие административци треба да исполнуваат одредени критериуми, но не, сега само треба да бидат членови на СДСМ. Пред тоа требаше да се исполнуваат критериуми, а сега се менуваат закони се тргаат тие критериуми за вработување и после тоа вработуваме луѓе без критериуми. Во генералниот секретаријат на РМ систематизацијата е менувана 15 пати со цела да се изберат партиските кадри на СДСМ. Очигледно е дека треба да се вдомат одредени луѓе во генералниот секретаријат, рече Стаменсковска.