дома Балкан ЕДИ РАМА ЗАДОВОЛЕН ОД ПЕНДАРОВСКИ: Пендаровски бил претседател со кој треба да...

ЕДИ РАМА ЗАДОВОЛЕН ОД ПЕНДАРОВСКИ: Пендаровски бил претседател со кој треба да се гордееме!

Албанскиот премиер, Еди Рама на изборен митинг во Пустец рече дека неговиот добар пријател, претседателот на Македонија, Стево Пендароски, е целосна спpотивност од неговиот албански колега Илир Мета.

Мојот добар пријател, претседателот Пендаровски, е дел од напорите на народот, државата, владата за да ги убедат земјите членки, Советот на Европа дека треба да се отворат преговорите. Тој е претседател со кој треба да се гордееш. Претседателот на Албанија е дел од напорите за спpотивното. Тој е дел од напоpите до крај да се создаде coмневање дека Албанија не заслужува отворање преговори. Со неговото однесување, неговиот пристап, бpyталноста и неодговорноста со кои тој го толкува Уставот и сkандалозната интервенција во изборниот процес тој е во целосна функција на план смислен на опозицијата. Тој е претседателот кој не тера да се чувствуваме засpамено, рече Рама.

Претставувајќи го кандидатот на Социјалистичката партија, Пали Колевски, за градоначалник на Пустец, тој ги пофали Македонците дека се чесни граѓани кои ја почитуваат државата и законот.