дома Балкан ЕДИ РАМА СЕ ИЗРАДУВА: Ова е голем ден за Албанците и историско...

ЕДИ РАМА СЕ ИЗРАДУВА: Ова е голем ден за Албанците и историско достигнување!

Со реакција на Фејсбук излезе и премиерот на Албанија, Еди Рама.

Денеска во Собранието на Република Македонија пратениците со 66 гласа ЗА и ниту еден против или воздржан го изгласа Законот за јазиците, во Собранието не беа присутни пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

Реакции почнаа да стигнуваат од сите страни, на социјалните мрежи се коментира дека овој закон е предавнички и сериозно удира по државноста на Република Македонија.

Градоначалничката на Арачиново, Меликие Халими, му се заблагодари на премиерот Зоран Заев поради тоа што го исполнил ветувањето.

Со реакција на Фејсбук излезе и премиерот на Албанија, Еди Рама.

-Изгласувањето на Законот за албански јазик од парламентот во Скопје е историско достигнување за Албанците што ја демократизира и зајакнува самата Македонија, напиша Еди Рама на Фејсбук.