дома Политика ЕДМОНД ТЕМЕЛКО САМ СЕ ПРИЈАВИЛ ВО ПОЛИЦИЈА: Темелко во 30-дневен притвор!

ЕДМОНД ТЕМЕЛКО САМ СЕ ПРИЈАВИЛ ВО ПОЛИЦИЈА: Темелко во 30-дневен притвор!

Актуелниот градоначалник на општина Пустец, единствената на етничките Македонци во Република Албанија, Едмонд Темелко попладнево сам се пријавил во полиција.

Ваквиот чекор на Темелко доаѓа откако по нeго беше распишана централна и меѓународна потерница.

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 Скопје вчера го прифати барањето на СЈО и му определи на Темелко мерка 30-дневен притвор.