Само една супена лажичка од ова масло на ден може да ви помогне да живеете подолго, тврдат експертите. Станува збор за маслиновото масло, кое е клучна компонента на медитеранската исхрана и кое важи за една од најздравите намирници во светот.
Една супена лажичка масло содржи околу 100 калории, така што треба да го консумирате во умерена количина. Бревер и Келов предлагаат да консумирате една лажичка на ден.
Исто така, маслиновото масло има висока содржина на мононезаситени масти кои помагаат во намалување на холестеролот и го елиминираат ризикот од појава на срцев и мозочен удар. Тоа е богато и со витамин Е кој е одговорен за убава кожа, здрави очи како и за зајакнување на имунолошкиот систем.