дома Арсенал ЕДНОСТАВНА НО НАДМОЌНА: „Калашников” почна со сериско производство на новата автоматска пушка...

ЕДНОСТАВНА НО НАДМОЌНА: „Калашников” почна со сериско производство на новата автоматска пушка АК-12!

Концернот „Калашников” почнува со сериско производство на автоматската пушка АК-12, пренесува ТАСС повикувајќи се на Сергеј Чемезов, директорот на корпорацијата „Ростехнологии“.

Како што нагласи тој, армијата ќе ја добие првата партија на овие автоматски пушки до крајот на 2018 година.

„Сите тестирања се реализирани, па започнуваме со производство. До крајот на годината ќе му ја испорачаме на Министерството за одбрана првата партија“, изјави Чемезов.

Руската армија веќе одлучи да ги прифати двете автоматски пушки кои учествуваа на конкурсот за оружје за борбената опрема „Ратник“ – АЕК-971, дизајнирана во заводот во Ковров и АК-12, развиена во концернот „Калашников“.

Првата ќе му се испорача на спецназот, а втората, која ги задоволи пред сѐ критериумите за едноставност и сигурност, на армијата за општа намена.

 

RussiaBeyond