дома Хроника ЕДНО ЛИЦЕ ЗАГИНА ВО СКОПЈЕ: Тешка сообраќајка на бул. „Србија“ – Аудито...

ЕДНО ЛИЦЕ ЗАГИНА ВО СКОПЈЕ: Тешка сообраќајка на бул. „Србија“ – Аудито летало од лента на лента и на крајот се запалило

Фото: Илустрација

Едно лице загина, а друго е тешко повредено во сообраќајна несреќа која синоќа околу 1:25 часот по полноќ се случила на булевар „Србија“.

– Автомобил „Ауди А4“ управуван од Ѓ.Д.(28) од Скопје се судрил во „Пежо 207“, управуван од А.М.(60) од Скопје, а потоа преку тревникот поминал на коловозните ленти од спротивната насока и удрил во оградата на бензинската пумпа, по што удрил во такси возило марка „Шкода Октавијa“ управувано од Т.Ј.(58) од Скопје. По незгодата, возилото „Ауди А4“ се запалило и целосно е опожарено. Сите возила кои учествувале во сообраќајната незгода се со скопски регистарски ознаки, информираат утринава од полицијата.

Во сообраќајната незгода на место на настанот починал Т.Ј., додека тешка телесна повреда (фрактура на колено) е констатирана кај сопатникот од „Ауди А4“ Б.М.(21) од село Сопиште.

Полициски екипи извршиле увид на местото на настанот. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.

Сообраќајот на бул. „Србија“, на делот од крстосницата со бул. „Јане Сандански“ до крстосницата со бул. „3-та Македонска Бригада“, бил во прекин во двате насоки од 01.30 часот до 05.30 часот.