Вело Марковски, универзитетски професор инфектолог, екс директор на Клиниката за инфективни болести и еден од најпочитуваните експерти по инфектологија на просторите на поранешната Југославија.
Марковски своевремено има учествувано во формирање на стратегијата за спречување на ширење на вирусот вариола вера во Југославија, а во независна Македонија беше носител на процесот за спречување на епидемијата од свински и птичји грип.
Неговите видеа и интервјуа имаат милионски прегледи на Јутуб и социјалните мрежи, а голем број граѓани, но и експерти ги потврдуваат неговите ставови кои ги имаше од почетокот на пандемијата.
Токму Марковоск во ексклузивно интервју за Инфомакс истакнува дека новите мерки кои ги предлага Владата немаат никаква логика од епидемиолошки аспект, а претставуваат класична дискриминација и кршење на правата на човекот.
Коментирајќи го примерот со Шведска и ставот кој тој лично го имаше кон пандемијата потенцира дека не може да се спречи пандемијата на горнореспираторен вирус кога веќе е започната, потенцирајќи дека за жал не се послуша науката.
Прочитајте го целото интервју:
Што мислите за новите мерки и таканаречените Ковид пропусници, имаат ли логика од епидемиолошки аспект?
Од денешен аспект имајќи ги во предвид бројките во Шведска која е 25 во Европа по број на смртни случаи бевте ли во право што се противевте на тогашните мерки и локдаунот?
Што мислите за лекот ивермектин кој покажа одлични резултати во повеќе научни студии, го имаме примерот на Индија и Мексико кои се справија со пандемијата користејки го овој лек? Има и студии во кои над 80 посто ивермектинот е успешен како профилакса.
Лично немам искуства со тој лек, и секако дека треба да се докажат неговите антивурусни ефекти (беа контрадкторни). Останувам на тврдењата на науката дека за вирусна горнореспиратоена инфекција не треба да се даваат превентивно за лекување антибиотици, антиипаразитарни лекови (како што е ивермектинот) кортикостероиди, вели тој.
Како се администрира терапијата за КОВИД 19 во Македонија и колку е успешна.
Респираторите направија повеќе штета, отколку добро. Се согласувате со ова?
Респираторите не се наменети за лекување на пациенти со респираторни инфекции и за пациенти кои самите дишат и успеваат да ја одржат ацидобазната рамнотежа и снабдувањето на органите со кислород. Смртноста на пациенти лекувани на респиратори за време КОВИД 19 е над 95%. Јас од самиот почеток жестоко се противев (научно аргументирано) на употребата на респираторите, мислам дека кај нас многу рано се прифати оваа сугестија, и веќе после мај месец 2020 година респираторите се употребуваа многу ретко и по строги индикации.
Да се вратиме на вакцинацијата, што означува antibody dependent enhancement? И како овој проблем ги запре истражувањата за вакцина за САРС и МЕРС?
Сметате ли дека се прави грешка што се вакцинира среде пандемија?
Вакцината е секако најдоброто решение за превенција од некоја инфективна болест. И воопшто не е грешка да се вакцинира среде пандемија. Проблемот е дали имаме вакцина, и дали таа вакцина ги поминала сите процедури на безбедност, понатаму да се аналзира објективно дали таа вакцина навистина ги дава очекуваните резултати, односно дали вакцината штити. Добра вакцина не смее да дава несакани ефекти по здравјето на примателот. Кога имало појава на зголемен број заболени од некоја болест или состојба поврзани со вакцината, тогаш вакцината се повлекувала, и тоа не е ново. Но кога има појава на поврзаност на вакцина со смртни случаи, тогаш мора да се прекине со вакцинацијата бидејќи продолжување со вакцина која може да предизвика смрт е веќе убиство. Појавата на еден умрен на еден милион вакцини беше прифатлива до сега единствено кога се работи за заштита од тешки карантински болести, пример вариола вера кај која смртноста е и над 50 % од инфицираните. Понатаму, добра вакцина треба да дава голем процент (над 90%) на целосна заштита од инфекција и болест. Досегашните вакцини беа со такви карактеристики, после примање на вакцина против хепатитис Б, грип, тетанус, дифтерија… нема инфекција, нема разболување. Формулациите дека треба да се прими вакцина која нема да штити од инфекција туку од тешка форма и хоспитализација се шпекулативни и не се во прилог на квалитетот на вацината и тоа не добра вакцина. Трето, кога се вакцинира во ек на пандемија или епидмеија сеедно, неопходно е пред вакцината да се провери дали веќе примателот природно се имунизирал, бидејќи штом си прогласил епидемија, само по себе значи дека веќе огромен број од населението имал контакт со вирусот, без разлика дали се разболел. Интересни се податоците кои доаѓаат од Израел и Австралија, каде што околу 90-95% од хоспитализираните од КОВИД 19 се уредно вакцинирани со две дози. Добар пример се малите земји, на пример Гибралтар (https://www.worldometers.info/coronavirus/country/gibraltar/) пред први јуни 2021 година има вакцинирано над 99 % од населението (39.162 целосно вакцинирани), но и покрај тоа се соочуваат со за нив голем број нови случаи од 40-50 на ден, еден вид нов бран со почеток од 12 јули до денес. Треба да се анализира зошто е ова вака. Недостасува податок дали ново разболените уредно вакцинирани имале антитела и покрај тоа пак се разболеле, или пак иако вакцинирани од некоја причина воопшто не развиле антитела. Како заклучок, да треба да вакцинираме за време на пандемија, но треба да сме сигурни дека имаме квалитетна и проверена вакцина, и неопходно е проверка на антитела пред примањето на вакцина.
Може ли да ни објасните каков тип на вакцини постојат? Што значи мРНК, што значи Векторска вакцина, протеинска вакцина или аденовирална вакцина?
Вакцините имаат свој развој. На почетокот беа живи атенуирани, ослабени, па мртви, голем напредок беше производство на пречистени вакцини кои го содржат само протеинот на вирусот (причинителот) кој е носител на имоуногеноста . Сега, за заштита од корона вирусот се користат сите видови на класични вакцини (живи, мртви, пречистени со само С протеинот…) Но, најмодерни, најпоскаувани се новите вакцини таканарешени мРНА и ДНА (векторки вакцини). И едните и другите се со една идеја, да се излаже, да се натера имунолошкиот ситем на човекот сам да се вакцинира, односно сам да произведува антигени кон кои самиот ќе произведува антитела. Оваа идеја е нова околу 20 години и можеби во иднина ќе даде решение за многу болести, но сметам дека во овој момент не сме спремни за ваков вид мешање во имунитетот на човекот. Кај мРНА вакцините принципот е надвор вештачки да се произведе месинџер (гласник) РНА да се внесе во сакана клетка, рибзомот на клетката да биде излажан, да мисли дека таа рибонуклеинска киселина носи информација од сопственото јадро, и вака излажан да почне да произведува С протеин (површински протеин на корона вирусот клучен за влегување на вирусот во клетката). Кога на овој начин произведне С протеин ќе се најде на површината на сопствената клетка, имунитетот треба да го препознае и да создава антитела. На тој начин сме го излажале организмот со цел кога ќе дојде во допир со вистинскиот вирус да не се разболи, да има одговор. Но тука се јавуваат многу проблеми и кои се нерешливи за современата наука (можеби науката во идниа ќе ги реши овие пречки). Главниот проблем е како да се донесат овие вештачки произведнеи мРНА до целна клетка која ќе произведува С протеин (клетките и ткивата во организмот се диференцирани и имаат различни својства и улоги), понатаму се уште не е јасно како ќе одговори имунитетот односно наша добра идеја е организмот да реагира така како што некој научник замислил, но имунитетот за наша среќа е многу комплексен и софистициран, секако и далеку сме од целосното разбирање на неговото финкционирање, така да каков ќе биде реалниот одговор на имунолошкиот ситем на вакви провокации се уште не е јасно. Механизмот на ДНА вакцини е да се делува на ниво на јадро на клетката, сега јадрото да произведе сакана мРНА и понатаму се е исто, рибозомот ќе произведува С протеин. Замислено е вирус, вектор да ја однесе саканата информација до јадрото, предходно на векторот, кој најчесто е аденовирус, да му се внесе информацијата, аденовирусот да влезе во клетката, таму да биде уништен а информацијата да ја прифати јадрото. Гледате, само по себе ова се идеи, можеби одлични, но сепак по мене далеку сме се уште на правење на вакви договори со нашите клетки и со нашиот имунолошки систем, без да имаме несакани ефекти, односно да биде се сто посто како што сме замислиле.
Треба ли да се вакцинираат лица кои веќе имаат стекнат имунитет поради прележување на болеста? Колкав е периодот на заштита по успешно надминување на заразата?
Не, никако. Никогаш досега не се вакцинирал некој кој само што прележал некоја болест. Впрочем идејата на вакцината е да симулираме болест, а природното прележување или инфицирање (имунизирање без симптоми) е идеално, имунолошкиот ситем одговорил така како што треба, ние не можеме да бидеме попаметни од него и да сугерираме поинаков одговор. Впрочем веќе излегоа многу релевантни научни трудови (https://www.nature.com/articles/s41586-021-03647-4?fbclid=IwAR09OXQPZK2DPTgetoV05Y6ISqAqmcVapnWCBjRSFWCHGyND3Mc1b3e1wMY) кои потврдија дека имунитетот по природно прележување, симптоматско или асимптоматско е долготраен. Апсурдно е давање на вакцина кај природно имунизирани, а секако бројни се и можностите да се направи штета ако се даде вакцина кај лице кое има високо ниво на заштитни антитела кон тој причинител.
Сите прашуваат кога ќе заврши пандемијата на коронавирус? Јас би ве прашал дали воопшто некогаш ќе заврши пандемијата?
Од друга страна, ако се споредува со грипот кој цело ова време ни служи како урнек за споредба, и кај вирусот на инфлунеца се бројни и секојдневни мутации на вирусот, но највирулетниот ги потиснува сите други. Немало досега пример да во една година неколку пати се појават мутации. Затоа е чудно ова брзо појавување на нови мутирани соеви на корона вирусот и тоа најчесто скоро истовремено во целиот свет.
Дали пандмеијата ќе заврши, да по мене пандемијата заврши во мај месец 2021 година, но вистинското завршување на пандмеијата мислам дека ќе биде во април месец 2022 година. После тоа се ќе се смири. Дотогаш, очигледно од некои причини на светот му треба пандемија.
Проф. др. Вело Марковски за Инфомакс
Пишува: Александар Митовски и Милош Милошевски