дома Локално ЕКСКУРЗИИТЕ НА ШИЛЕГОВ ЌЕ ГИ ПЛАЌААТ СКОПЈАНИ: Сопствениците на галиите во Вардар...

ЕКСКУРЗИИТЕ НА ШИЛЕГОВ ЌЕ ГИ ПЛАЌААТ СКОПЈАНИ: Сопствениците на галиите во Вардар ќе бараат обештетување од град Скопје

Сопственикот на галијата во Вардар наспроти МНР, бугарската компанија „Сервис АД“ ќе бара обештетување од град Скопје ако локалната власт го дислоцира објектот како што најави новиот градоначалник Петре Шилегов. Ова во телефонски разговор за Алсат М го изјави директорот на фирмата Жарко Миленковски. Тој објаснува дека досега инвестирале околу 1.2 милиони евра.

„Ако донесе градот таква одлука да се дислоцираат, се надевам дека ќе не консултираат и обештетат соодветно. Се надевам дека се грижат за последиците, доколку не – постојат судови. Може градот ќе инвестира во преместување од Вардар, може тоа да чини милион евра. И каде ќе не стават? Ние сме платиле толку пари за да бидеме тука кај што сме. Во нашиот договор за концесија не пишува дека во кој било момент ќе бидеме дислоцирани.“ – изјави Жарко Миленковски – директор на „Сервис АД“

Новата сопственикчка на „Ројал Македонија“ бродот позициониран кај МЕПСО, Вера Најдовска не сакаше да зборува за оваа тема.