„ЕКСПЕРТИТЕ“ ВО ВЛАДАТА ДА HE ИЗМИСЛУВААТ: Бизнис секторот со предлог мерки до Владата – се бара ykинyвaњe на дaнoци за да не koлaбиpa економијата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Потребни ни се реални и храбри мерки и тоа веднаш, повелете предлог реални мерки кои доаѓаат од реалниот сектор а не од “експерти”, велат од бизнис секторот во земјава, од каде испратија и предлог сет мерки за помош на бизнисот во овој период

 

1. Пролонгирање на рокот за плаќање на данокот на добивка и данок на личен доход за 2019 год. за 3 месеци или овозможување плаќање на истиот на 12 рати без камата.
2. Укинување на плаќање на данок на добивка за 2020 год за СИТЕ компании.
3. Укинување во целост на плаќањето на придонеси во наредните 3 месеци за СИТЕ компании.
4. Исплата во целост на должничко-доверителски односи од страна на државата кон стопанството во наредите 30 дена.
5. Исплата во целост по основ поврат на ДДВ кон компаниите во наредите 30 дена.
6. Да се овозможи одложено плаќање на обврските по основ ДДВ за СИТЕ компании во наредните 3 месеци и овозможување на плаќање на истото на 12 рати со отпочнување од Јануари 2021 год.
7. Субвенционирање на трошоците за потрошена електрична енергија од 20% во наредните 3 месеци за СИТЕ компании.
8. Намалување на акцизите за гориво за 50% во наредните 3 месеци.

Предлог до банките:
Замрзнување на плаќањето на кредите и овозможување на бескаматен грејс период од 6 месеци.

По прогласувањето на вонредна состојба која треба да случи секој момент предлагам за министри за економија и финансии да се постават луѓе од реалниот сектор по преопрака на стопанските комори а не од политичките партии.

Во овој тежок период треба да ја тргнеме политиката настрана и сплотено да се сконцетрираме исклучиво на спас на нашите граѓани и нашите компании.

Latest News

Getting Started with the 82 Lottery App A Comprehensive Guide

Have you ever dreamed of winning big in the lottery? With the 82 Lottery App, you can turn that...

More Articles Like This