February 26, 2024, 6:55 pm

Експерт по геополитика за Американ Спектатор: „Американските момци не треба да гинaт за слободата на Украина“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Украина е во сферата на влијание на Русија и американските војници не треба да се борат за нејзината независност, пишува „Американ Спектатор“.

„Украина, според зборовите на старите дипломати, е во руската сфера на влијание. „Можеме да се надеваме со сето срце и да и посакаме независност и слобода, но да бидам искрен, американските момци не треба да се борат и да гинат за независноста на Украина“, вели во написот експертот за геополитика Френсис Семпа.

Според него, повеќето Американци би биле изненадени кога ќе дознаат дека САД, според договорот, се обврзани да ги бранат Албанија, Естонија, Летонија, Литванија, Романија, Бугарија, Словачка и Хрватска.

„Независноста на Украина не е од витално значење за Америка во областа на националната безбедност“, рече експертот.

Тој додаде дека влошувањето на односите меѓу Русија и Западот предизвика неоправдано проширување на НАТО на исток.

Семпа вели дека Русија не претставува таква закана за САД и Европа, како што беше случајот со СССР за време на Студената војна. Според него, главната опасност за Америка денес доаѓа од Кина, а погрешната политика на Вашингтон само придонесува за зближување на Москва и Пекинг.

Нашите државни функционери требаше да постигнат одредена деескалација во односите со Русија за да не се водат студени војни на два фронта“, заклучува Семпа.

Да потсетиме, западните земји и Киев неодамна ја обвинија Русија дека подготвува наводна инвазија на Украина, поради што се почесто зборуваат за подготвеност да воведат невидени санкции кон Москва во тој случај. Русија постојано демантираше дека планира такво нешто, нагласувајќи дека движењето на воените сили на нејзина територија, што предизвикува загриженост на Западот и особено кај соседните земји, е нејзино суверено и уставно право.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This