дома Македонија ЕКСПЛОЗИЈА ВО ФАБРИКА: Попладнево силна експлозија во „Сувернир“ од Самоков – за...

ЕКСПЛОЗИЈА ВО ФАБРИКА: Попладнево силна експлозија во „Сувернир“ од Самоков – за среќа нема повредени!

Денеска околу 16.10 часот избувнала експлозија во наменската фабрика за производство на муниција „Сувенир” од Самоков, јавува МИА.

Според првичните неофицијални информации, од СВР Битола потврдуваат дека имало експлозија во фабриката и оти нема ниту повредени, ниту загинати во експлозијата.

Полицијата врши увид на местото на настанот.