дома Политика ЕКСТЕРНОТО БЕШЕ ВОВЕДЕНО ЗА ДА НЕМА ВАКВИ МИНИСТРИ: Антонио Милошоски го стави...

ЕКСТЕРНОТО БЕШЕ ВОВЕДЕНО ЗА ДА НЕМА ВАКВИ МИНИСТРИ: Антонио Милошоски го стави на екстерно тестирање знаењето на министерот за култура

Министерот за култура Роберт Алаѓозовски на социјалните мрежи во петокот објави фотографија за која напиша дека пристигнува во Прилеп, Градот-херој, градот на Цепенков, на Чернодрински…Следуваа лавина коментари во кои новиот министер беше прашуван дали знае дека всушност Чернодрински е од Струга, а не од Прилеп. Корисниците на социјалната пишуваа дека се зачудени од непознавањето на културата токму од страна на министерот за култура.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски, пак напиша дека по ова разбира зошто СДСМ го укинале екстерното тестирање, но сепак му постави прашање на Алаѓозовски.