дома Временска Прогноза ЕКСТРЕМЕН СТУД: Делови на Македонија утре и во портокалова фаза

ЕКСТРЕМЕН СТУД: Делови на Македонија утре и во портокалова фаза

Согласно најавата од Управата за хидрометеоролошки работи, утре за целата држава се предвидуваат ниски температури од алертна (жолта) фаза, освен во полошкиот регион (Тетово, Гостивар, Кичево, Македонски Брод) каде се предвидуваат пониски температури кои спаѓаат во портокалова фаза.

За населението во целата држава се препорачува без неопходна потреба да не излегуваат од дома, да се носи топла облека, да се консумираат топли напитоци и да се избегнува консумација на алкохол, а воедно се препорачува внимателност при движење на лизгави површини.

Состојбата будно се следи.