Филип Рикер веројатно ќе остане запаметен како најозогласениот американски амбасадор во Македонија, а единствен кој може да му се приближи во непопуларноста е актуелниот.
– Ова е можноста поради која сите Македонци треба да излезат и да кажат „да“ за позитивна иднина, не за политиката и за политичките партии. Ова е за иднината на земјата. Имате многу време да се занимавате со политика подоцна, вели поранешниот американски амбасадор во Скопје.
Веројатно е дека граѓаните кои ја преживеале 2001 година можат да забележат низа на паралели помеѓу тогашната и актуелната ситуација во државата пред се во големиот број на сеачи на магла кои одеднаш од нигде никаде се појавија во Македонија.
Франсоа Леотар и Џејмс Пердју кои во 2001 година беа специјални претставници на ЕУ и НАТО и го извршија притисокот за потпишувањето на Охридскиот Рамковен Договор сега се дел од Охридската Група која тера пропаганда за референдумот, а сега на нив им се приклучи и екс амбасадорот на САД, Филип Рикер.