дома Социјални Мрежи ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ И ПРЕТСЕДАТЕЛ НА КОМИСИЈАТА ЗА ЛОКАЛНА: Конечно ќе имаме автопат...

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ И ПРЕТСЕДАТЕЛ НА КОМИСИЈАТА ЗА ЛОКАЛНА: Конечно ќе имаме автопат Велес-Прилеп-Битола

Најавата на претседателот Христијан Мицкоски кој несомнено ќе биде идниот премиер на новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, со која се обврзува да го реализира деценискиот, долгонајавуван и долгопосакуван автопат Скопје – Велес – Прилеп – Битола нè израдува сите, почнувајќи од жителите на овој регион, стопанствениците, туристите, инвеститорите…како и сите претходни и сегашни локални власти, напиша на Фејсбук екс градоначалникот и претседател на кон=мисијата за локална самоуправа.

Обврзувањето за реализација на овој проект од страна на ВМРО-ДПМНЕ, со кој истиот од фикција ќе премине во реалност по изборите на 12-ти април и големата победа на ВМРО-ДПМНЕ ќе значи и иден развој во секој поглед и заживување на овој регион, кој да бидеме искрени заради отcyство на соодветна инфраструктура беше „слeпо црево“ во овој дел на Македонија и Балканот! Изградбата на овој автопат ќе значи:

Скрaтување на времето за половина час до главниот град Скопје;

Поголема cигурност и бeзбедност во сообраќајот (секоја година сме свeдоци на многу сообраќајќи и жpтви на Плетвар);

Нaмалување на трошоците за транспорт на стоки и усуги, што многу значи за стопанствениците во регионот;

Поголем и побрз економски развој на Пелагонија;

Поголема привлечност за инвеститорите и намалување на степенот на нeвработеност во регионот;

Намалување на мигpaцијата на населението и иcелувањето од регионот;

Поголема туристичка атрактивност на Пелагонија;

Подобра и поефикасна поврзаност со другите региони и соседните држави.

П.С: Со реализација на овој автопат Прилепчани, Битолчани и целиот регион конечно нeма да се прекрстуваме пред да тргнеме на пат за Скопје!!!