дома Европа ЕЛТОН ЏОН: Се срамам од мојата земја и приказната за Брегзит

ЕЛТОН ЏОН: Се срамам од мојата земја и приказната за Брегзит

Елтон Џон, англиски пејач, текстописец, пијанист и композитор, на публиката во Верона- Италија ѝ кажал дека е заситен од приказните за Брегзит и дека тие полека го изморуваат.

За време на својот настап во Верона, во рамките на неговата последна светска турнеја Елтон Џон изјави: „Се срамам од својата земја за она што го стори. Тоа ги разединува луѓето… Ми се лоши од политичарите, особено од британските политичари. Ми се лоши од Брегзит. Јас сум Европеец. Јас не сум глупав, колонијален, империјалистички англиски идиот.“

Не е првпат Елтон Џон критички да зборува за Брегзит. Во јули 2018 рече: „Ветено им е нешто што е тотално смешно и економски неиздржливо.“ Процесот на Брегзит, рече тој, беше збунивачки, како да чекорите низ лавиринтот на Хемптон Корт со врзани очи, ве вртат 16 пати и се обидувате да го најдете излезот“.