дома Македонија ЕМОТИВНА ПОРАКА ОД КОМИТИ ПО ПОВОД РОДЕНДЕНОТ НА САЗДО: Вечерва сите погледнете...

ЕМОТИВНА ПОРАКА ОД КОМИТИ ПО ПОВОД РОДЕНДЕНОТ НА САЗДО: Вечерва сите погледнете кон звездите, денес наздравуваме во твоја чест Саздо!

Комитите со емотивна порака по повод роденденот на убиениот Саздо:

„Вечерва сите погледнете кон звездите, покрај совршениот распоред на соѕвездијата ќе забележите и смог… Не оној кој го намалува видикот поради загадувањето, маглата или снежните врнежи, туку чадна завеса создадена од самите звезди… И небесните тела негодуваат што еден млад живот згасна и го испративме да талка низ просторот и вечноста.. Талка затоа што нема мир, затоа што сеуште не знае зошто е таму наместо да биде покрај нас, покрај најблиските…
Денес наздравуваме во твоја чест Саздо, на овој ден ќе наполнеше 22 години! Наздравуваме во твоето име и слава, наздравуваме со тешки срца и со главите надолу, затоа што Правда се уште нема, сеуште не е ниту на повидок разрешницата, па така и немирот во нашите срца сеуште владее, не разјадува одвнатре…
Наздравуваме со црвено вино, а вкусот е горчлив… Горчлив како неправдата, горчлив како солзите кои ги вкусуваме кои ни создаваат бес кој не се трпи…
МВР, Јавно Обвинителство дали се слушаме?“-пишуваат тие.