дома Свет ЕРДОГАН ЗБОРУВА ЗА ВЕРСКА ВОЈНА: На прагот е војна на крстот и...

ЕРДОГАН ЗБОРУВА ЗА ВЕРСКА ВОЈНА: На прагот е војна на крстот и полумесечината!

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ја осуди одлуката на австриските власти да започнување истрага против десетици муслимански свештеници и затворање на седумте џамии во Австрија.

“Се плашам дека мерките преземени од страна на премиерот на Австрија го носат светот во војна на крстот и полумесечината. Тие рекоа дека ќе нѐ протераат. Како да немаме одговор на тоа прашање? Ние нема да седиме со скрстени раце “, рече Ердоган.

Австриската влада во петокот објави дека одлучила да истера повеќе имами и дека 60 имами се под истрага за кршење на законот за исламот со кој се предвидува забрана за финансирање од странство.

Исто така Австрија,донесе одлука да затвори седум џамии, од кои едната беше затворена поради сомневање за ширење пропаганда на “сиви волци”, а другите шест поради ширењето на салафизмот.

Исто така, беше донесена одлука за расформирање на здружението “Арапска верска заедница”, кое е управувано од контроверзните салафистички џамии.

Инаку, австриската влада тврди дека одлуката е донесена со согласност на исламската верска заедница.

Одлуката на владата беше поздравена од сите политички партии во земјата, но со критика бидејќи беше донесена за време на Рамадан, како и на почетокот на гласањето на турската дијаспора на изборите во Турција.