дома Свет Ердоган и Бајден одржаа средба зад затворени врати

Ердоган и Бајден одржаа средба зад затворени врати

На маргините на НАТО самитот денеска во Брисел се одржа средба зад затворени врати на претседателите на Турција и САД Реџеп Тајип Ердоган и Џо Бајден, јави Анадолија.

Ердоган претходно се состана со претседателот на Франција Емануел Макрон, премиерот на Велика Британија Борис Џонсон, германската канцеларка Ангела Меркел, премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис и премиерот на Холандија Марк Руте, соопшти агенцијата.

Претседателите и премиерите на 30 членки на НАТО за време на Самитот разговараа за низа теми и одржаа низа билатерални средби, со почитување на мерките за борбата против пандемијата на ковид-19.

Последниот самит на лидерите на НАТО е одржан во декември 2019 година во Велика Британија.​​​​​​​