дома Свет ЕРДОГАН ПОКАЖУВА СИЛА: Во „Света Софија“ ќе се читаат стихови од Коранот...

ЕРДОГАН ПОКАЖУВА СИЛА: Во „Света Софија“ ќе се читаат стихови од Коранот на денот на падот на Константинопол

Имами ќе читаат стихови од Коранот во „Света Софија“ за време на денешната петочна молитва во чест на годишнината од освојувањето на градот од страна на отоманските Турци, најави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Ердоган повеќе пати ја провоцираше со предлозите да ја претвори Света Софија, прогласена за светско наследство од УНЕСКО, во џамија.

Изградена во 6 век, Света Софија била главно седиште на Цариградската Патријаршија. Остана така, сè додека не се претвори во џамија во 1453 година, откако османлиските трупи го освоија Константинопол, главниот град на Византиската империја. Секуларните власти во Турција ја претворија Света Софија во музеј во 1935 година и оттогаш таа привлекува милиони туристи секоја година.