дома Македонија ЕРДОГАН ЌЕ ОТВАРА ЗАДГРАНИЧЕН КОМИТЕТ ВО МАКЕДОНИЈА: Партијата на Реџеп Таип Ердоган...

ЕРДОГАН ЌЕ ОТВАРА ЗАДГРАНИЧЕН КОМИТЕТ ВО МАКЕДОНИЈА: Партијата на Реџеп Таип Ердоган ќе отвори претставништво во Македонија!

Партија на правдата и развојот (АК партија) на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган најави отворање претставништва во девет градови во седум земји, меѓу кои и Македонија.

„Сосем природно е ваква партија да има канцеларии во важни светски центри. Претставништвата во овие земји ќе бидат озаконети на поинаков начин“, изјави потпретседателот на партијата Мехди Екер.

Покрај во Македонија, АК партија ќе отвори претставништва и во САД, Велика Британија, Русија, Германија, Франција и во Босна и Херцеговина. Во моментов партијата има две канцеларии во странство – една во Брисел и уште една во Турска Република Северен Кипар.

Екер соопшти и дека отворањето нови претставништва надвор од границите на Турција го иницирал нејзиниот лидер Ердоган.