дома Балкан ЕРДОГАН ЌЕ ПРАВИ МИТИНЗИ НА БАЛКАНОТ: Партијата на Ердоган побара дозвола да...

ЕРДОГАН ЌЕ ПРАВИ МИТИНЗИ НА БАЛКАНОТ: Партијата на Ердоган побара дозвола да одржи митинг во Сараево

Втората полициска Управа на МВР на Кантонот Сараево добила писмено барање за одобрување на јавен собир во организација на Сојузот на европските турските демократи на 20 мај во салата “Зетра”, каде што се очекува да присуствуваат помеѓу 10.000 и 15.000 приврзаници на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

“МВР им нареди на организаторите мерки во рамките на Законот за јавно собирање. Ние ќе изготвиме план за за обезбедување на јавниот собир, а тоа вклучува и сообраќај, оперативни, КДЗ и физичко обезбедување “, се вели во соопштението на кантоналната полиција.

Барање за одржување се однесува само на јавниот собир во “Зетра” , а обезбедување на други активности на претседателот Ердоган ќе ги превземе Дирекцијата за координација на полициските тела на БиХ.