дома Актуелно Еуфорија во срцето на Скопје, шампионите пречекани како богови!

Еуфорија во срцето на Скопје, шампионите пречекани како богови!

Тешки емоции доживуваат ракометарите на Вардар по пристигнувањето во главниот град. Некои се присеќаат на дочекот од пред две години, а некои сфатија дека раскажувањата на староседелците се вистините.

 

Илјадници пред аеродром, а десетици илјади на плоштадот со часови ги чекаат ракометарите, а во моментите кога тие пристигнаа, настана целосна лудница.

Нешто после 23:30 панорамскиот автобус пристигна на плоштадот „Македонија“ и тогаш ракометарите можеа јасно да видат дека цел град е на улица, поттикнат од нивниот успех.

Нивната реакција беше одушевувачка. Сите со телефоните в раце, отпоздравуваа, а емоциите беа посилни од нив.

Се предвидува долга ноќ и славје кое ќе се памети со децении.