ЕУ го забранува титаниум диоксидот кој се користи во прехрамбената индустрија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Титаниум диоксидот кој се користи како пигмент во прехранбената индустрија ќе биде забранет во Европската унија од 2022, најави Европската Комисија.

Оваа супстанца се користи во разни производи како мастики за џвакање, супи и печива како за да им се даде посветла боја на продуктите, но по анализа на здравствените власти на ЕУ заклучено е дека овој пигмент е штетен по здравјето на луѓето.

Еврокомесарката за здравство, Стела Кириакидес, изјави дека не се преговара за здравјето на граѓаните на ЕУ.

-Денеска одлучно делуваме заедно со нашите земји членки врз основа на сериозна наука за да отстраниме ризик од хемикалија која се користи во храната, рече еврокомесарката.

Титаниум диоксидот или Е171 содржи ризик од генотоксичност според европските здравствени власти. Предлогот за забрана на оваа супстанца треба да биде усвоена до крајот на оваа година и да почне да се отстранува од ЕУ од почетокот на 2022 година.

Latest News

Euro 2024 Schedule Revealed Key Dates and Matches

The UEFA European Championship, commonly known as the Euros, is one of the most prestigious football tournaments in the...

More Articles Like This