дома Свет ЕУ И ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ЗАТВОРААТ МЕДИУМИ: Ако затворањето на А1 поради криминал...

ЕУ И ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ЗАТВОРААТ МЕДИУМИ: Ако затворањето на А1 поради криминал беше репресија, тогаш што е ова?!

Британската банка „Нетвест” ги замрзна сите сметки на руската, државна, сателитска телевизиска станица, „Раша Тудеј” која емитува програма од Лондон.

Веста за одлуката на британската банка ја соопшти главниот уредник на телевизијата, Маргарита Симонијан.

На Твитер таа напиша дека за замрзнувањето на сметките на ТВ станицата не било дадено никакво објаснување, како и дека решението на банката не можело да биде преразгледувано.

Од „Нетвест” нема никакво објаснување зашто е казнета руската ТВ станица, но во „Раша Тудеј” се тврди дека британската банка „Ројал Бенк оф Скотланд” во чии рамки е и „Нетвест”, одбива понатаму да врши финансиски сервис за телевизијата.

Претходно „Раша Тудеј” беше казнета од регулаторното тело за електронските медиуми во Велика Британија – Офком, откако беше обвинета за „пристрасно и за известување со предрасуди”.

Казната следи по пријавата од Би-Би-Си, откако „Раша Тудеј” објави извештај од Сирија, во кој британската јавна компанија ја обвини дека измислува напади со хемиско оружје, за да си обезбеди драматични материјали од сирискиот фронт.