ЕУ молчи за грчката репресија врз слободата на говор

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во услови на континуиран молк од Европската комисија, меѓународната организација за слобода на медиумите, Репортери без граници побара од извршната власт на ЕУ и од Европскиот парламент „строго да го осудат“ новиот грчки закон за клевета како „напад врз слободата на печатот“.

Во ноември, грчкиот парламент донесе закон со кој се криминализираат „лажните вести кои можат да предизвикаат вознемиреност и страв кај граѓаните“.

Наместо да ја декриминализираат клеветата и сличните прекршоци, во согласност со најдобрите меѓународни практики и препораките на ЕУ, грчките власти го направија ова нејасно дефинирано дело казниво со голема парична казна или до најмногу пет години затвор.

Од порталот EURACTIV пренесуваат дека поставиле неколку рунди пршања до европската комисија, но, дака комисијата давала само нејасни коментари, без да се осврне на грчкиот закон.

Во соопштението објавено во средата, на 1 декември, Репортери без граници истакна дека: „Иако е легитимно да се бориме против лажните информации, особено за време на пандемијата КОВИД-19, затворските казни немаат никаква улога во потрагата по вистината. Наместо тоа, грчките власти треба да промовираат веродостојни вести и информации на национално, европско и меѓународно ниво. Потребните алатки веќе им се достапни“.

Од таму ја повикаа ЕУ и Комисијата да интервенираат и ја повикаа „грчката влада да го преуреди“ законот.

Според член 191 од дополнетиот грчкиот Кривичен законик, ширењето на информации во јавноста или на интернет кои предизвикуваат страв и вознемиреност или „ја нарушуваат довербата на јавноста во државната економија, одбраната или јавното здравство“ сега е кривично дело. Доколку прекршокот се повтори минималната казна се зголемува од три на шест месеци.

Одредбите, исто така, важат не само за поединецот што ги шири информациите, туку и за сопствениците и директорите на медиумите и за секој што ги споделува врските.

Репортери без граници забележаа дека законот не ги дефинира јасно „лажните информации“, па затоа ги остава грчките власти да „го гонат секој новинар чие известување не им се допаѓа“.

Тие, исто така, го споменуваат досието на Грција во однос на „влијанието и контролата“ што тие го вршат врз медиумите преку финансирање и ставање на јавната телевизија под нејзина контрола.

„Овие прекршувања на слободата на печатот, заедно со пречките со кои редовно се соочуваат новинарите кои известуваат за миграциската криза, се предмет на мисија во Грција од страна на неколку невладини организации, вклучително и Репортери без граници, во првата половина на декември“.

Организацијата ја повика владата да го укине законот и да започне дијалог со медиумите за борба против дезинформациите.

Latest News

Getting Started with the 82 Lottery App A Comprehensive Guide

Have you ever dreamed of winning big in the lottery? With the 82 Lottery App, you can turn that...

More Articles Like This