дома Европа ЕУ одлучи: Се воведуваат ковид пасоши, ќе бидат достапни пред летото

ЕУ одлучи: Се воведуваат ковид пасоши, ќе бидат достапни пред летото

Германската канцеларка Ангела Меркел денес изјави дека дигиталните сертификати за вакцинација, што ќе им овозможат на луѓето да патуваат во Европа и покрај пандемијата на коронавирус, веројатно ќе бидат достапни пред летото.

„Сите се согласија дека ни треба дигитален сертификат за вакцинација“, рече Меркел на прес-конференција по самитот на ЕУ, што се одржува оналајн, пренесува Ројтерс.

Германската канцеларка додаде дека на Европската комисија ќе ѝ требаат околу три месеци за да развие техничка основа за вакви документи