дома Европа ЕУ пpeгoвapa со Фајзер и БиоНТек зa нaбaвкa нa yштe 100 милиoни...

ЕУ пpeгoвapa со Фајзер и БиоНТек зa нaбaвкa нa yштe 100 милиoни вakцини

Европската Унија преговара со компаниите „Фајзер“ и „БиоНТек“ за да нарача уште 100 милиони дози од нивната вакцина против Ковид-19.

Како што објавуваат европските медиуми, ЕУ, со 450 милиони жители, веќе нарача 200 милиони дози од вакцината „Фајзер/ БиоНТек“ и сега сака да купи уште 100 милиони вакцини според договорите потпишани со двете компании во ноември.

Секој што ќе реши да се вакцинира, мора да прими две дози од вакцината.

Новите дози може да се испорачаат веќе во третиот квартал.