дома Европа ЕУ СО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Србија не смее да биде дел од руската Евроазиска...

ЕУ СО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Србија не смее да биде дел од руската Евроазиска унија

Drapeaux Berlaymont

ЕУ ја предупредила Србија дека не смее да биде дел од руската Евроазиска унија доколку сака да се зачлени во европскиот блок, информира утрово Евроњуз.

Портпарол на Европската Комисија за Евроњуз изјави дека дека Србија ќе мора да се повлече од сите други билатерални спогодби за слободна трговија доколку сака да влезе во ЕУ.

Белград најави дека планира да и се придружи на Евроазиската Унија во текот на октомври. Евроазиската Унија ја сочинуваат Русија и други земји од поранешниот советски блок како Ерменија, Киргистан и Белорусија.

Доколку стане членка на ЕУ, Србија ќе мора да се усогласи и со европската политика на caнкции кон Москва која предвидува и трговски рecтриктивни мерки.

Србија ги започна преговорите за членство во ЕУ во 2014-та година.