дома Балкан ЕУ: Cocтojбaтa co мигpaнтитe вo БиХ e aлapмaнтнa

ЕУ: Cocтojбaтa co мигpaнтитe вo БиХ e aлapмaнтнa

Европските официјални лица оценија дека состојбата со мигрантите во БиХ е алармантна и ги повикаа властите да ги заборават политичките расправии и повторно да ги отворат центрите во Бира и Циљуга во близина на Тузла.

Во заедничката изјава, потпишана од високиот претставник на ЕУ за безбедност и надворешна политика, Жозеп Борел, европската комесарка за внатрешни работи Илва Јохансон и комесарот за проширување и соседска политика, Оливер Вархеји, се вели дека околу 3.300 мигранти немаат пристап до основното засолниште и услуги поради затворањето на засолништето во Липа.

„Надлежните органи мора да соработуваат. Ситуацијата во БиХ со мигрантите е алармантна и тие мора да дејствуваат за да ги решат потребите на сите бегалци и мигранти кои останаа без засолниште и да ги спасат нивните животи. Интересите на локалното население мора да бидат земени предвид и ние ќе работиме со надлежните органи“, се вели во соопштението.

ЕУ продолжува да ја поддржува БиХ и нејзините граѓани во соочувањето со ситуацијата, поради што им стави на располагање дополнителни средства за таа намена.