дома Спорт ЕХВ ЈА КАЗНИ МАКЕДОНИЈА: Ракометната федерација на Македонија треба да плати глоба од 2.000...

ЕХВ ЈА КАЗНИ МАКЕДОНИЈА: Ракометната федерација на Македонија треба да плати глоба од 2.000 евра

ЕХФ ја казни македонската репрезентација. Ракометната федерација на Македонија треба да плати глоба од 2.000 евра поради несоодветна опрема на ракометарите.

Казната е поделена на 1.000 евра за различни чорапи на мечот со Словенија и уште 1.000 за „стреч-гаќички“, кои Манасков, Стоилов, Кире Лазаров, Филип Лазаров, Талески и Кузмановски ги носеле под официjалниот долен дел од дресот.

Пред две години во Краков, Македонија беше казнета заради користење на различни чорапи за време на натпреварите.