дома Спорт ЕЧЕШЕ „ЗЕМЈО МАКЕДОНСКА“: Во соблекувалната на Македонските ракометарки ечеше „Земјо Македонска“ по...

ЕЧЕШЕ „ЗЕМЈО МАКЕДОНСКА“: Во соблекувалната на Македонските ракометарки ечеше „Земјо Македонска“ по победата над Турција

Македонската женска репрезентација без поголеми проблеми славеше убедливи победи над Азербејџан, Исланд и Турција во квалификациската група за пласман во баражот за СП.

Избраничките на Симе Симовски на сите три меча беа на посакуваното ниво и не им дозволија на противниците да помислат на нешто повеќе од пораз.

Мундијалот ќе се игра следната година во Јапонија, а противникот ќе го добиеме на 16 декември и тоа ќе биде една од репрезентациите што во моментов играат на ЕП во Франција.

Успешно одиграниот квалификациски турнир и пласманот во бараж заслужи добра прослава, а соблекувалната на ракометарките ечеше со песни. Погледнете во видео прилозите….