Жена околу 11 часот денес била прегазена од автомобил кај пазарот во скопската населба Ѓорче Петров.
Од МВРинформираат дека кај нив е пријавена сообраќајна несреќа во која автомобил „Ауди“ со скопски регистерски ознаки удрило во пешак, женско лице.
Полициски екипи вршат увид на местото на несреќата. Засега нема детали за идентитетот на лицата вклучени во сообраќајката, како и за карактерот на повредите на пешакот.