дома Македонија ЖИВОТОТ НА АСАНЖ Е ВО ОПACНОСТ: Ако Велика Британија не го промени...

ЖИВОТОТ НА АСАНЖ Е ВО ОПACНОСТ: Ако Велика Британија не го промени однесувањето и нехуманата ситуација, би можело да го чини живот

Третманот на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, го загрозува неговиот живот, оцени известувачот на ОН за тортура, Нилс Мелцер. Тој изрази загриженост поради здравствената состојба на Асанж по апceњето и притворот од почетокот на годината, наведувајќи дека „неговиот живот е во опacност“.

 

 

„Ако Велика Британија не го промени однесувањето и нехуманата ситуација во која е и натаму изложен Асанж со арбитражноста и кршењето на неговите права, би можело да го чини и живот“, рекол Мецар.

 

Тој рекол дека посебно е загрижен поради новите медицински информации од неколку доверливи извори, според кои Асанж влегол во „волшебен круг на анксиозност, стрес, немоќ, што е типично за лице изложено на продолжена изолација и постојана арбитрарност“.

 

Асанж на 11 април беше исфрлен од амбасадата на Еквадор во Лондон, во која беше од 2012 година. Вашингтон го обвинува Асанж за шпионажа и му се заканува екстрадиција во САД.