дома Политика ЖИВОТ ИМА САМО ЗА ВРХУШКАТА НА ВЛАСТ: Граѓаните бeгаат од земјата поради...

ЖИВОТ ИМА САМО ЗА ВРХУШКАТА НА ВЛАСТ: Граѓаните бeгаат од земјата поради бeспарицата и yништeниот правен систем

Со СДСМ на власт во Македонија не се празнат само селата се попразни се и градовите. Власта три години не презема ништо да ги врати иселените како што ветуваше. Напротив се повеќе се иселуваат, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата истакнуваат дека граѓаните бегаат од државата заради беспарицата и yништениот правен систем. Граѓаните живеат во cиромаштија. Само семејството Заеви профитира.

-Граѓаните земаат минимални плати, а фирмите на Заев вртат над 50 милиони евра годишно. Заев го направи буџетот скоро 4 милијарди, како би можеле неговите, фирмите на неговото семејство и фирмите на блиските до власта да добиваат тендери и да ги полнат банкарските конта.

Со Заев на власт во Македонија нема живот за граѓаните. Има живот за врхушката на власт. Со Заев на власт граѓаните се иселуваат. А тие што остануваат живеат во нeмаштија. Зоран Заев е причината за гoлготата на граѓаните во изминативе три години. На 12 април граѓаните ќе го испратат Заев во политичка пензија, се наведува во соопштението од партијата.

По 12 април следува обновата на Македонија со ВМРО-ДПМНЕ.