дома Европа ЖИВ ЅИД ОД 200 КИЛОМЕТРИ: Баскијците со жив ѕид од 200 километри...

ЖИВ ЅИД ОД 200 КИЛОМЕТРИ: Баскијците со жив ѕид од 200 километри бараат референдум за независност

Десетици илјади луѓе кои се држат за рака во Баскија формираа симболичен”човечки синџир”, на оддалеченост од околу 202 километри, што бараат право на референдум за независност на овој шпански регион.

Иако поголемиот дел од населението на Баскија, кое веќе ужива висок степен на автономија, како и шпанската покраина Каталонија, и има свој јазик и култура, не ја поддржуваат независноста, многумина веруваат дека на локалното население треба да им се даде право да се слушне нивниот глас.

Протест во форма на “жив синџир”, организиран од страна на баскиската група “Гуре еску даго ” (што во превод значи “во наши раце”), се протегала од Доностија, градот кој е познат како Сан Себастијан, се до Баскискиот Парламент во Виторија (на баскиски Гастеиз ), објави Ројтерс.

Владата на Шпанија, со поддршка на Уставниот суд, тврди дека секое гласање за регионална независност е незаконско.

Според Уставот на Шпанија, напишана во 1978 година, по крајот на режимот на Франциско Франко, земјата е неделива, последниот обид во Каталонија да се одржи референдум за отцепување беше пречекан со остри правни контрамерки.