дома Македонија Жителите на селата Луке и Подржикоњ 13 часа без струја, од ЕВН...

Жителите на селата Луке и Подржикоњ 13 часа без струја, од ЕВН велат дека поправката ќе трае уште 12 часа

Жителите на селата Луке и Подржикоњ веќе 13 часа се без електрична енергија. Инфомакс стапи во контакт со ЕВН, од каде појаснија дека се работи за дефект во трафостаницата, за чие отстранување ќе бидат потребни уште дополнителни 12 часа. Тоа значи дека жителите ќе останат без струја повеќе од 24 часа.

Кој знае за каков дефект се работи, кога за негово отстранување, на европска компанија од 21 век и се потребни повеќе од 24 часа?

Во исто време, компанијата, во услови кога не е во состојба да испорача квалитетна услуга до своите корисници, и ги остава истите без струја едно цело деноноќие, бара зголемување на електричната енергиј за дури 7,4 насто.