дома Временска Прогноза Жолта фаза: Циклонот Димитар доаѓа кон Македонија и носи половина метар снег

Жолта фаза: Циклонот Димитар доаѓа кон Македонија и носи половина метар снег

Од денес циклонот Димитар доаѓа кон Македонија.

Според информациите од таму, овој циклон уште од утре ќе донесе интензивни врнежи на пониските места и снег на планините.

Oд среда кон четврток ќе има и спуштање на снежната граница која, што значи дека во одредени градови на првиот ден од пролетта ќе се разбудиме со снег. Порталот најавува дека во некои градови ќе се формира и снежна покривка.

На планините се очекуваат и до 50 сантиметри нов снег.