дома Хроника ЖAЛHA ВЕСТ ОД ЗООЛОШКАТА ГРАДИНА: Лавицата која 20 години престојуваше во Скопската...

ЖAЛHA ВЕСТ ОД ЗООЛОШКАТА ГРАДИНА: Лавицата која 20 години престојуваше во Скопската зоолошка пoчинa

Лавицата која 20 години престојуваше во Зоолошката градина – Скопје почина по малиген тумор кој започнал да се развива на лицето и метастазирал низ целото тело.

Како што соопшти Зоолошката градина, тие уште во септември добиле препорака за еутаназија, но сепак не се откажувале од борба и лавицата била оперирана неколку пати, но тумoрот повторно се враќал.

– Со тешко срце и насолзени очи се простивме од нашата лавица која долго време беше член на Зоо семејството. Малигниот тумор кој започна да се развива на лицето, метастазираше низ целото тело. Уште во септември минатата година добивме препорака за еутаназија од ЕАЗА(Европска асоција на зоолошки и аквариуми), но решивме да не се откажеме од борбата. Иако во соработка со Ветеринарниот институт направивме неколку операции за отстранување на туморот, секој пат се враќаше се поинванзивен. Дијагнозата беше Fibrosarcoma- малиген тумор на кожа и поткожје со голем број на митотични и апоптични клетки, некрози и местимични крварења. Лекувањето за жал беше неуспешно, а лавицата која храбро се бореше со најлошата болест на денешницата беше еутаназирана. Секој од нас има изгубено блиска личност од ова зло, а ние ја изгубивме 20 годишната мила жителка на Зоо Скопје. Тагата е преголема. Почивај во мир убавице и трчај слободно горе на небото. Во твоја чест, денес знамињата пред Зоолошка ќе бидат спуштени на пола копје, соопшти Зоолошката градина на својата официјална фејсбук страна.