February 26, 2024, 8:04 pm

Забегана работа…: Тетовец се обидел да прегази полицајци, па се дал во бегство

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Тетовската полиција бара 41 годишник кој ноќеска побегнал при запирање на неговото возило на автопат, а при тоа според информациите на СВР Тетово се обидел и да ги прегази сообраќајните полицајци. При инцидентот полицајците испукале и предупредувачки куршуми во воздух.

Околу 23 часот и 15 минути, полициски службеници на СВР Тетово, вршејќи службени дејствија, на автопатот Тетово-Скопје, во близина на Требошки надвозник, запреле патничко моторно возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 41-годишниот М.Р. од тетовско Мерово, а во кое се наоѓало уште едно лице. По запирањето, М.Р. го стартувал возилото и се обидел да прегази двајца полициски службеници, оштетил две службени возила на СВР Тетово и се оддалечил од местото, додека од полициските службеници биле испукани неколку предупредувачки куршуми во воздух, информираше Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Полицијата сега презема мерки за расчистување и документирање на случајот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This