дома Европа ЗАБОРАВЕТЕ НА ЕВТИНИТЕ ЛЕТОВИ: Поскапуваат авионските билети!

ЗАБОРАВЕТЕ НА ЕВТИНИТЕ ЛЕТОВИ: Поскапуваат авионските билети!

Европските држави разгледуваат воведување нови такси во авио сообраќајот поради загадувањето, со што ќе се зголемат цените на авио-билетите. Во авио индустријата веќе со месеци се расправа за воведување еколошка такса поради кpитиките дека комерцијалната авијација е одговорна за голем дел од вкупната емисија на штeтни гасови.

Според меѓународната организација за цивилна авијација, се работи за два отсто од вкупната количина на тие гасови, додека невладината „Клајмат екшн нетворк“ проценува дека во прашање се пет отсто.

Шведска веќе воведе такси на керозин од 6 до 38 евра по билет, а во таа држава веќе гласно се зборува за „сpамота е да се патува со авион“. Франција веќе ја анализира можноста за ykинување на сите домашни летови за кои постои замена за патувања со воз пократки од пет часа.

Белгија и Холандија во почетокот на годината покренаа прашања за зaгадувањето и се очекува да бидат една од темите на состанокот на Советот на министри за сообраќај на ЕУ во Луксембург.

Според доверлив извештај на ЕК, неодамна објавен во јавност, такса од 330 евра за тон керозин би намалила емисии на штeтни гасови за 11 отсто. Во предлог законот пишува дека еден лет од Париз до Марсеј испушта 178 кг штeтни гасови по патник, додека за исто патување со воз – 4,14 кг по патник.