дома Uncategorized ЗАБРАНАТА НА ВОДНО НЕ ВАЖИ ЗА АМБАСАДОРИТЕ: Дали дипломатските таблички го спречуваат...

ЗАБРАНАТА НА ВОДНО НЕ ВАЖИ ЗА АМБАСАДОРИТЕ: Дали дипломатските таблички го спречуваат загадувањето?

Забраната за движење на Водно очигледно како мерка стои само на хартија, бидејќи како што можеше да се види изминативе неколку дена, на планината имаше голем број на возила за што и граѓаните реагираа дека забраната не се почитува.

Денес пак, оние што одлучиле да се рекреираат на Водно можеле да видат неколку автомобили со дипломатски таблички кои слободно се движеле и за кои очигледно не важи никаква забрана, па се наметнува прашањето дали доколку возилото има дипломатски таблички не ја загадува околината?