дома Македонија ЗАБРАНА ЗА ДВИЖЕЊЕ НА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА: Врнежи од снег го затворија...

ЗАБРАНА ЗА ДВИЖЕЊЕ НА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА: Врнежи од снег го затворија патот Гостивар – Дебар преку Маврово за тешки возила

Од утринава од седум часот е воведена забрана за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Дебар преку Маврово поради врнежите од снег.

Авто мото сојузот на Македонија информира дека врнежи од снег има и во Тетово, Маврово, Попова Шапка, Битола, Прилеп, Охрид, Струга, Ресен, Кичево, Македонски Брод,  Железнец, Крушево и на планинските премини Буково, Ѓавато и Пресека.

Намалена видливост од 10 до 15 метри поради магла има на Попова Шапка.
На останатите патишта низ државата сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози.