дома Занимливости ЗАБРАНА ЗА ЕМИТУВАЊЕ НА СРПСКА МУЗИКА: Од сабота во Македонија ќе биде...

ЗАБРАНА ЗА ЕМИТУВАЊЕ НА СРПСКА МУЗИКА: Од сабота во Македонија ќе биде забрането и емитувањето на српската музика!

Здружението за заштита на авторските и музички права (ЗАМП), на барање на Организацијата на српските музички автори СОКОЈ, им забрани јавно емитување на музика од репертоарот на СОКОЈ на сите радио и телевизиски станици на територија на Република Македонија. Забраната стартува од 1 октомври (сабота) и оттогаш нема да смее да се емитува музика од српски автори.

„Како што стои во известувањето на СОКОЈ, причините за донесување на одлуката за забрана за користење на репертоарот на СОКОЈ произлегува од фактот дека со издадената дозвола од Министерството за култура на РМ на организацијата СОКОМ МАП и предложениот од нивна страна Правилник со тарифа за користење на авторски музички дела е направено намалување за 50% во однос на јавното соопштување на авторските музички дела, споредено со предлогот на ЗАМП, а пак во делот на емитување и реемитување предлогот е за околу 100% понизок“, стои во соопштението на ЗАМП.

ЗАМП, исто така, потсетува дека од 20 септември стапи со сила забрана за емитување на авторски музички дела по пат радиодифузно емитување од репортоарот на ЗАМП.