дома Македонија ЗАВРШИ ПАУЗАТА: Пратениците на СДСМ по повиците на Фрчковски, започнаа со план...

ЗАВРШИ ПАУЗАТА: Пратениците на СДСМ по повиците на Фрчковски, започнаа со план за насилство!

Трајко Вељаноски за да ја смири тензичната ситуација која што настана на почетокот на седницата ја прекина поради уличниот и насилен речник на пратениците од СДСМ. Предмалку седницата продолжи

-Не ви доликува така да се изразувате, не довикувајте, како не ви е срам со тие зборови да се изразуватеч. Пучист еден, срам да ти е –  рече Вељановски и ја прекина седницата.

Вељановски во неколку наврати ги опомена пратениците од СДСМ да не дофрлаат од место и да покажат барем малку култура. Пратениците од СДСМ кои што очигледно секојдневно стануваат се понервозни со крајно вулгарен и уличен речник започнаа да довикуваат до Трајко Вељановски.

Сето ова се случи откако Оливер Спасовски се обиде да го погази Деловникот и да ја прекине точката за избор на Комисија за прашања за избори и именувања и да се премине на избор на Талат Џафери за нов претседател на собранието. Вељановски почитувајќи го Деловникот не дозволи вакво сценари и посочи дека според Деловникот најпрво точката мора да биде изцрпена па потоа да се премине на наредната, избор на претседател.

Вчера, идеологот на СДСМ Љубомир Фрчковски ги повика пратениците „за немиените уши“ да го извадат Вељановски надвор од Собранието и да си изгласаат нов претседател на Собранието и на тој начин да ја превземат власта. Преку насилство.